Времето драстично се менува: Температурите повторно одат до 40 степени – еве што нè очекува

Македонија влегува во нов бран екстремно топло време. Денес ќе преовладува сончево и многу топло време, со температури до 40 степени. Погледнете какво време нè очекува во наредните денови.

Македонија и денес ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Во попладневните часови се очекува умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од околу 10 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 31 и 40 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните и во Вардарскиот регион.

Според прогнозите, екстремно топлото време ќе продолжи и во следните денови, со максимални температури близу 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална облачност, но без позначајни врнежи во поголемиот дел од земјата.

Поради високите температури, здравствените власти препорачуваат: да се избегнува престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности, да се носи лесна и светла облека и посебна внимателност да се посвети на децата, постарите лица и хронично болните.

Метеоролозите најавуваат дека освежување засега не се очекува, па топлотниот бран ќе продолжи и на почетокот на следната недел

е-Трн да боцка во твојот инбокс