Временскиот феномен „Ел Нињо“ ќе го чини светот три билиони долари

Неволја се подготвува во морето. Тихиот океан не е веќе во услови на Ла Ниња, метеоролошки феномен кој предизвикува дождови во Окејанија и Азија, а суша во Јужна Америка и започнува нејзниот пандан – Ел Нињо, кога влагата се враќа во Јужна Америка. Научниците очекуваат Ел Нињо да пристигне во следните неколку месеци, со 55 отсто шанси тоа да биде особено силен настан. Оваа промена може да помогне да се подигнат глобалните температури над 1,5 степен, колку што е прагот на затоплување според Парискиот договор и ќе влијае на временските услови ширум светот, потенцијално предизвикувајќи значителни суши на некои места додека ги зголемува екстремните врнежи во други.

Економските последици, велат истражувачите, би можеле да бидат во висина од 3 билиони (3000 милијарди) долари во следните неколку години, при што тропските земји со ниски приходи ќе бидат особено погодени. Списанието Science објави дека Ел Нињо од 1982-83 и 1997-98 година доведе до светски загуби од 4,1 билиони и 5,7 билиони долари, соодветно. До крајот на овој век, кумулативната сметка за Ел Нињо би можела да достигне 84 билиони долари. „Постои економско наследство на Ел Нињо во растот на БДП [бруто домашниот производ]“, вели Кристофер Калахан, научник за системот на Земјата од колеџот Дартмут кој е коавтор на студијата. „Тоа првенствено се случува во земјите во тропските предели кои се силно погодени од Ел Нињо. Но, овој ефект е доста голем“.

Во истражувањето се додава дека се поголем број истражувања покажуваат дека климатските промени и се поекстремните временски услови ќе бидат невообичаено скапи, особено за економиите во развој. „За оптимална климатска политика, адаптација и климатската правда, треба да знаеме колкави се социјалните и економските трошоци на климатските промени“, вели Леони Венц од Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, која ја проучува климатската економија, но не била вклучени во новиот труд. „Наоѓаме се повеќе докази дека трошоците за затоплување се значителни и многу поголеми отколку што претходно се мислеше и вообичаено се претпоставуваше“.

Додека водите на Ел Нињо се загреваат во Пацификот, тропските земји го сносуваат најголемиот удар. Перу особено има тенденција да трпи обилни врнежи за време на Ел Нињо, што ја оштетува инфраструктурата и ги нарушува посевите. Покрај тоа, морските горештини убиваат риби, одземајќи извор на приход за рибарите. „Значи, ќе го изгубите риболовот на брегот на Перу за време на овие настани, ќе добиете поплавување на инфраструктурата, ќе добиете екстремна топлина“, вели Калахан. „Сите овие работи се надоврзуваат една на друга“.

Но, подалеку на исток, Ел Нињо може да има спротивен ефект, предизвикувајќи силна суша во прашумите на Амазон, која е веќе уништена од човечкиот развој и горење. Сушата би можела да помогне делови од Амазон да се доближат до превртната точка во која тие ќе се трансформираат од прашума во пасишта – еколошка точка од која нема враќање. Губењето на дрвјата ќе ги загрози видовите и ќе ја намали способноста на Амазон да го заробува јаглеродот.

Другата страна на Пацификот може да се соочи суша исто така. „Ќе имате суши во Индонезија и Австралија, а таа суша може да има навистина значителни економски влијанија“, вели Калахан. „Во Ел Нињо во 1998 година имавте овие огромни шумски пожари низ многу делови на југоисточна Азија, особено Индонезија. Сушата таму, во комбинација со целокупните потопли температури, доведува до услови за големи шумски пожари“. Бидејќи Индонезија е дом на пространства со тресет богат со јаглерод, за кој е познато дека е тешко да се изгаси откако ќе почне да гори, шумските пожари таму би можеле значително да ги зголемат емисиите на јаглерод и да ги забрзаат климатските промени.

Иако ефектите на Ел Нињо се поконцентрирани во тропските предели и другите региони ќе ја почувствуваат топлината. Југозападниот дел на Соединетите Американски Држави има тенденција да има повеќе дождови, додека северните делови на земјата се загреваат. Една предност: Ел Нињо обично ја намалува активноста на ураганите во Атлантскиот Океан.

Тропските земји имаат тенденција да бидат економски најранливи и поради нивната близина до Ел Нињо и поради тоа што често имаат помал БДП од земјите во Европа и другите северни региони.  Општо земено, земјоделството кое е ранливо на промени во врнежите сочинува поголем дел од БДП за земјите со ниски приходи, така што тие имаат релативно повеќе да изгубат ако времето се промени. Работите се особено несигурни за земјоделците кои немаат системи за наводнување, бидејќи шокот од сушата е понепосреден.

Економски поразвиените земји имаат тенденција да имаат посилни безбедносни мрежи за нивните земјоделски индустрии. „Да речеме дека има лоша суша во САД што ќе има негативен ефект врз земјоделецот во Индијана – тој род е осигуран“, вели земјоделскиот економист од Универзитетот во Сиднеј, Дејвид Убилава, кој ги проучува економските ефекти на Ел Нињо. „Постои овој огромен комплекс на политики што е таму за да се осигура дека земјоделците нема да бидат многу лошо погодени за време на временските шокови. Тоа едвај е случај во повеќето земји со низок и среден приход“.

Претходните пресметки за економските загуби на Ел Нињо беа веројатно потценети, вели Калахан, бидејќи тие само размислуваа за штета во годините кога феноменот беше активен. Но, ова ново истражување открива дека ефектите може да траат и до една деценија откако топлите води ќе исчезнат. Владините средства треба да одат за обнова на инфраструктурата, на пример, наместо за технолошки иновации. „Значи, го добивате ваквото наследство на Ел Нињо во намален економски раст“, вели Калахан.

Сепак, ова моделирање е дополнително покомплицирано бидејќи комбинира две веќе комплицирани области: економија и клима. Научниците сè уште не можат да кажат кога ќе се појави Ел Нињо и колку сериозно ќе биде на крајот. Не постои начин да се знае точно како може да се променат врнежите во која било земја за една година од сега. Значи, невозможно е со сигурност да се предвиди како, на пример, сушата предизвикана од Ел Нињо може да влијае на приносот на жетвата на ориз во Азија.

Таа неизвесност е дотолку повеќе причина да се започне со планирање меѓународна помош за земјите со ниски приходи сега, вели Убилава. „Постојат поголеми шанси луѓето да страдаат во овие земји“, вели тој.

Калахан го гледа овој Ел Нињо како стрес-тест за планетата која се загрева, бидејќи климатските промени ги прават топлотните бранови, шумските пожари, сушите и врнежите поинтензивни. Но, тоа е и можност за владите да ги зајакнат своите подготовки за екстремни временски услови. „Овие работи како зацврстување на вашата инфраструктура и инвестирање во управување со шумски пожари ќе бидат неопходни“, вели Калахан.

Извор: WIRED

е-Трн да боцка во твојот инбокс