Многу високо загадување вечерва има во Струмица, Охрид, Гостивар, Битола, Кичево, Тетово и Скопје.
Најзагадено е во Струмица, каде што во 20 часот беа измерени 358 микограми на метар кубен ПМ10 честисчки. Во Охрид беа измерени 310, во Гостивар 242, а во Битола 194.
Загадувањето во Кичево беше 138 милиграми на метар кубен ПМ2,5 честички, а во Тетово 169.
Во Скопје, мерната станица во Лисиче покажа 127 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, во Карпош 121, во Ѓорче 116.
Земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Косово, Србија, Босна, Македонија и Црна Гора, се соочуваат со некои од највисоките нивоа на загаденост во Европа. Фактори како што се застарените постројки за јаглен, методите за греење на домаќинствата и старите возила придонесуваат за проблемот. Економските ограничувања го попречуваат напредокот во решавањето на овие прашања, иако овие нации ветуваат дека ќе ги намалат емисиите на јаглерод во согласност со европските стандарди, пишува „Ројтерс“.