Аларм во Прилеп: Водата во две села небезбедна за пиење

Водата од јавните чешми во Ореовец и Леништа е небезбедна. Во едното село мора да се врие, во другото не се препорачува за пиење.

Општина Прилеп предупредува дека водата од јавните чешми во селата Ореовец и Леништа не е здравствено исправна, поради утврдено присуство на бактерии.

Лабораториските анализи покажале дека водата во Ореовец содржи бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии, поради што не смее да се користи за пиење без претходно вриење од најмалку 10 минути.

Во Леништа, состојбата е посериозна – анализите покажале присуство на бактерии, поради што водата воопшто не се препорачува за пиење.

Од Општина Прилеп посочуваат дека е потребно да се обезбеди техничко решение за редовна дезинфекција на водата, со цел таа повторно да стане безбедна за употреба.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за да се избегнат здравствени ризици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс