Во Венеција вечерва се доделува Златниот лав на 83-от Меѓународен филмски фестивал

Минатогодишниот добитник на Златниот лав беше филмот „Татко Мајка Сестра Брат“ од американскиот режисер Џим Џармуш

Вечерва во Венеција завршува 83-то издание на Меѓународниот филмски фестивал (Мостра), каде што ќе биде доделен Златниот лав, а за главната награда на фестивалот се натпреваруваа 21 филм.

На 2 септември фестивалот се отвори со филмот во трка за главната награда, „Мастило“ од режисерот Дени Бојл.

На 83-то издание на Мостра беа прикажани нови филмови од автори кои се редовни гости на фестивалот, меѓу кои и Вернер Херцог. Хироказу Кореда, Ли Чанг-Донг и Нани Морети.

Нани Морети е на Мостра со романтичната драма „Ќе се случи вечерва“. Италијанскиот режисер, добитник на Златна палма за филмот „Собата на синот“ (2001), последен пат учествуваше во Венеција во 1989 година со филмот „Паломбела Роса“.

Претседател на жирито е Меги Џиленхал, додека Елен Бурстин и Џорџ Клуни добија почесни Златни лавови за животно дело.

Минатогодишниот добитник на Златниот лав беше филмот „Татко Мајка Сестра Брат“ од американскиот режисер Џим Џармуш.

Мостра е еден од главните филмски фестивали во Европа, заедно со фестивалите во Кан и Берлин.

Фестивалот, како дел од Биеналето во Венеција, го основал грофот Џузепе Волпи во 1932 година.

Од 1932 до 1942 година, главната фестивалска награда, Златниот лав, го добила името Куп на Мусолини, по тогашниот италијански фашистички премиер Бенито Мусолини.

Наградата го добила името Златен лав во 1949 година, а првото признание му припаднало на францускиот филм „Манон“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс