Search

Во Скопје  ѝ се судеше на книгата „Птици во аквариум“

Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум” , надреализам 1924 – 2024“ беше организирано вчера вечер на Денот на уметноста (15 април), во аулата на Филолошкиот факултет во Скопје. Книгата е дело на Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“.

Во судскиот процес учествуваа судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, бранителот Гоце Смилевски и адвокатот Владимир Јанковски. Сведоци во процесот, повикани беа обвинителот и од одбраната: Соња Стојменска-Елзесер, Марија Гиревска и Иван Шопов.

Со овој настан, македонската култура, меѓу првите во Европа, ја одбележува стогодишнината од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња

Најново

Последни колумни