Во руски напад на Киев срушена зграда: Луѓето затрупани, се слуша ѕвонење на мобилни телефони

Во руски напад на Киев срушена зграда: Луѓето затрупани, се слуша ѕвонење на мобилни телефони
Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украинската противвоздушна одбрана делувала рано изутрина во главниот град на Украина, Киев, против комбиниран напад на Русија со беспилотни летала и ракети. Reuters наведува дека сведоци известиле за низа гласни експлозии.

Дошло е до урнување на станбени згради, а во тек се потрагите за луѓето под урнатините. “Се слуша ѕвонење на мобилни телефони под урнатините. Потрагата ќе продолжи додека не стане јасно дека се пронајдени сите”, се наведува во изјавата.

Пожари избиле во гаражи, административни згради, а метални делови кои паднале погодиле возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс