Во Хрватска уапсени неколку лица поради лажни дојави за бомби

Во Хрватска со денови пристигаа дојави за наводно поставени бомби, прво во трговски центри, а потоа и во основни и средни училишта
Фото: Suradnik13, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Хрватската полиција уапсила најмалку три млади лица, меѓу кои и еден малолетник, на различни локации нво државата, како дел од сложена кривична истрага што ја спроведуваат полицијата и другите надлежни служби поради низа лажни пријави за поставени експлозивни направи на различни локации во земјата.

Како што неофицијално дознава „Јутарњи лист“, малолетник е уапсен во Загреб под сомнение дека неодамна испратил низа е-пораки со заканувачки пораки на адресите на неколку училишта во Загреб, додека двајца млади мажи биле уапсени во далматинскиот регион.

Во Хрватска со денови пристигаа дојави за наводно поставени бомби, прво во трговски центри, а потоа и во основни и средни училишта.

Покрај Хрватска дојави за бомби имаше и во Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во два наврати дојави за поставени бомби имаше и за во молови во Скопје.

На крајот, сите се испотавија како лажни

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни