По смртта на папата на Велигден, ретко прославуван во ист ден од сите христијани, екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните: Дали во чест на папата, засекогаш треба да се спојат календарите, на ист ден да слават Велигден сите христијани, и католици и православни? Еве што ни кажаа: „Убаво беше оваа година што се поклопи се заедно, сите заедно го славевме, и католици и ние… мене ми се допадна, и би требало“, „Да, јас мислам дека треба да се спои, сите исто да славиме во еден ден“, „Искрено да ви кажам, та дури и Божик што го славиме, католиците пред, а ние после Нова Година, мислам дека стварно една хармонија треба да се направи, заеднички да ни идат празниците“, „Може да е добра идеја, но мислам дека тешко би се направило“.
На прашањето „Која порака од Папата ви има оставено најсилен впечаток?“, граѓаните велат: „Не знам ниедна порака од папата“, „Тој е единствен кој ја посети Македонија и тоа ми остави навистина длабок печат“, „дека сакал да ги спои луѓето… и дека треба да се почитуваме, без разлика како и што веруваме“, „Најсилен впечаток – прогласувањето на Мајка Тереза за светица… посетата на Македонија, честа што никогаш не дошол ниеден папа во Македонија“, „порака – сите луѓе да се помагаат, да се почитуваат… што сакал зближување да направи меѓу црквите и луѓето, и помагањето“.
И на провокативните прашања „Зошто само мажи бираат за папа?“ и „Дали ќе дочекаме некогаш жена да стане религиозен лидер?“, граѓаните дадоа интересни одговори: „Па, може и жена, зашто да не? Може. Имаме доста амбициозни жени. Зашто да не биде жена? Се „маж, маж, маж“, нека биде жена еднаш да видиме“, „тешко… веројатно се плашат од жените“, „Може да се случи, се се мењава, се може да се смени…“, „Хиерархијата во Католичката црква е таква, треба да се направат веројатно измени и во тој поглед… Во скоро време нема да дочекаме, меѓутоа зошто да не? На крајот на краиштата, сите сме луѓе.“