Внимание ги праша граѓаните „Што ќе славите во петок, Валентајн, Свети Трифун, или и двете?“. Повеќето од граѓаните ќе го прослават и Валентајн и Свети Трифун. „Валентајн, со малку винце“, вели една Скопјанка.
На прашањето „Дали љубовта е посилна од алкохолот?“ една скопјанка поентира: „Љубовта нема граници, алкохолот ќе изветрее, неколку часа и толку“. „Љубовта е највозвишеното нешто што човек може да го има и покренува, алкохолот те спушта на земја“, вели друга соговорничка.
Ако сакате да дознаете зошто како народ имаме ден на чашката, а немаме ден на трезвеноста, гледајте ја најновата анкета на „Внимание“. Граѓаните кажуваат и што обично подаруваат и им подаруваат за денот на љубовта Свети Валентајн.