„Внимание“ на УКИМ ги прашува студентите зошто цените на становите се толку високи: „Се е коруптивно тука…“, „Ваљда имаме многу поволни услови за живот тука, многу чист воздух…“, „Се перат доста пари, а има креирано вештачка побарувачка, наспроти понудата…“. Ги прашавме и кој ги купува становиве? – „Богатите што имаат пари од некои сомнителни бизниси“, „Ние студентите сигурно – НЕ“, „Купуваат, да сокријат пари, и такви работи… Обично е за да се прикријат некои црни пари“.
А еве што велат студентите – Што треба да направи еден млад човек за да си купи стан во Скопје? – „Да се исели…“, „Да го наследи…“, „Без кредит, нема шанси…“, „Најверојатно да работи три работи, за да може да си обезбеди пари да преживее, и да земе кредит најверојатно, па да го исплатува цел живот“, „да живее странство 50 години за да си купи еден стан“.
