Search

Внимание, пејат граѓаните!

Во најновата анкета, екипата на „Внимание“ трага по одговори на прашањата: Дали слушате македонска музика и кој македонски пејач/пејачка/бенд/ДЏ ви оставил најголемо влијание? Кога последен пат сте биле на концерт или настап на македонски музичар и на кој? Првиот провокативен одговор на прашањето „Дали слушате македонска музика“ го дава Пере Нокаут.

Граѓаните ги спомнуваат своите омилени македонски изведувачи: Тоше Проевски, Бојана Скендеровски, Диџеј Мац, Тонио Сан, Легијата, Дани Димитровска, Александра Јанева, Тамара, Елена, Анастасија, Мизар, Џајковски, Луфтханза, Игор Џамбазов, Анета Мицевска, Благица Павловска, Блага Петревска, Пајак, Дупер, Ареа, Занаду, Беи д фиш, Фолтин…

На прашањето, „Која е првата македонска песна што ви паѓа на ум?“ граѓаните ги истакнаа: „Галебе мој тажен“ (Верица Ристевска), „Ајде да летаме“ (Каролина), Pass Over (Анастасија), Месечевиот сјај (Nokaut ft. Mia Perevska), Временска подморница (Lufthanza), „Боље човек“ (KØMMA), Зајди, зајди јасно сонце (Александар Сариевски), „Македонско девојче“ (од Јонче Христовски за Виолета Томовска), „Чија си“ (Славе Димитров)…

Граѓаните даваат и мошне оригинални предлози како одговор на прашањето „Да сте вие министер за македонска музика за еден ден, што би направиле?“.

Ако сакате да чуете кои песни на македонски ги пејат граѓаните, погледнете ја најновата анкета на „Внимание, внимание“.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни