Откако Скопје беше избрано за европска престолнина на културата за 2028 година, екипата на „Внимание, внимание“ ги праша граѓаните: Дали една културна престолнина заслужува ваков јавен превоз?
Граѓаните зборуваат дека најголем проблем на ЈСП е што превозот не е редовен, што автобусите доцнат и се создаваат гужви. Голем дел од граѓаните се жалат и на лошата хигиена во градските автобуси, а дел од помладите не користат јавен превоз и одат пешки или со велосипед.
Дали скопјани заслужуваат помодерен, почист и поредовен автобуски превоз? Дали во автобусите треба да стават кеси за повраќање?
Видете и слушнете во најновата анкета „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube и на Инстаграм).
Целта на видео анкетата л е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е запоставен во актуелниот медиумско-политички контекст.
Гласот на граѓаните нѝ го претставува актерот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.