Песната пристигнува денеска, 23 септември, заедно со официјален визуелизатор, а низ стиховите се провлекува приказна за разделба, спомени и чувства кои продолжуваат да живеат и кога двајца веќе не се заедно.
„Не е тоа нешто што може да го запреш“, се пее во песната, чиј рефрен „Си љубела, ќе љубиш“ ја носи главната порака – некои чувства не можат едноставно да се избришат, без разлика на тоа како завршила приказната.
Гласовите на Каролина и Пијан Славеј се надополнуваат во тивок, емотивен дијалог, додека воздржаниот аранжман и гудачките делници ја нагласуваат меланхоличната атмосфера.
Текстот и музиката се на Пијан Славеј, аранжманот и продукцијата се на Драги Иванов, кој ги потпишува и миксот и мастерингот.
Во визуелизаторот, снимен во „ТАКАТ студиос“, се појавуваат Анастасија Трајковска и Стефан Ристевски.