Внимание за 30 години од првото мобилно ало во Македонија: Како беше порано, како е денес, и што не очекува?

Во најновата носталгична анкета на „Внимание“, по повод 30 години од првото „Ало“,се потсетуваме како изгледаше животот со првите мобилни телефони и првиот мобилен интернет. Дениз ги прашува граѓаните: Како изгледаше вашиот прв телефон со мобилен интернет? – „Розев беше. Малечок. Нокиа беше“, „Да ти скрши глава“, „Огромен, како цигла беше“.

Еве како тогаш ги користеле граѓаните своите мобилни телефони: „Само за повици и пораки…“, „Мејлови, некои вести“, „Јутуб, вртеше едно 15 пати“, „за игрици највише, имаше Snake…“, „немаше апликации па го користев за ringtones да даунлодирам, и за слики за екран“, „А, гугл само ништо друго“, „Со тие телефони сега ништо не може да се прави“.
А еве што велат граѓаните – што е тоа што е денес подобрено, за разлика од претходно? –
„Побрз интернет, побрзо симнување работи, повеќе пристапност кон светски страници“, „Брзината и поголем опсег на информациии“, „Се може да се прави денес“, „Денес се можеме да направиме со интернетот, дури и текстови склопување…, а тогаш не можевме ништо реално“, „Нон-стоп си достапен, достапни ти се информации, вести, апдејтиран си нон-стоп со се што се случува во real time“, „Збор да пишеш, ќе излезе се, денес се што ти е потребно прво треба да го прашаш телефонот“, „Се што можеш на компјутер да направиш, сега можеш и на телефон, нема некоја граница“, „Можеш милион работи да направиш за пет минути“.



А што не очекува во иднината со 5G+ ќе дознаеме наскоро.

е-Трн да боцка во твојот инбокс