Внимание: Кој мирис најмногу (не) им се бендисува на Скопјан(к)и?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните за мирисите: Кој мирис би бил(а) ти? – „Мирис на лубеница…“, „Малина, јагода и чоколадо…“, „Јасмин“, „На праска“, „Лаванда… јас сум поврзан со природата и сакам да мирисам природно“, „Орхидеја“…

Потоа ги прашавме – Кој мирис никогаш не би бил(а) ти? – „Говна“, „Најмногу не ми се допаѓа смрдеата у Скопје, ѓубрето“, „Мирис на охо лепак и фломастери и мирис на дизел“, „мирис на бензин“, „ружа“, „ванила“, „Што го имаат многу луѓе… ќе поминеш, секој втор го има…“, „на маслинка…“.


Во оваа анкета Дениз беше посебно расположен и ги мотивираше граѓаните да довршат една песна од жанрот што најмногу им се допаѓа. Ако сакате да дознаете кои се омилени песни на скопјани и скопјанки, и колку се музикални, погледнете ја најновата распеана анкета на „Внимание“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс