Овој истржувачки центар објавува извештаи за бројот на верници од сите религии изминатите 25 години и предвидува дека бројот на Христијани и Муслимани се очекува да продолжи да расте на светско ниво, но растот на Исламот е посилен.
Клучна причина за тоа според истражувачкиот центар е тоа што Муслиманите, во просек, имаат повеќе деца отколку верниците од другите религии.
Во периодот од 2020 до 2025 година, во просек, муслиманските жени раѓале 3,1 дете, во споредба со 2,5 кај Христијанките, според Pew.
Според проекциите на истражувачкиот центар до 2035 година се очекува да има 2,57 милијарди Муслимани и 2,52 милијарди Христијани. Доколку истиот тренд се задржи, до 2070 година се очекува да има повеќе од 3,6 милијарди Муслимани и нешто помалку од 3 милијарди Христијани во светот, со проекција за раст на светската популација од 29 отсто помеѓу 2020 и 2070 година.
Од сите религии кои ги анализирале, само Муслиманите и Христијаните се држат со очекуваниот раст на светската популација, објаснувајќи го тоа со податокот дека растот на популацијата во следните децении се очекува да доаѓа главно поради Африка, особено јужно од пустината Сахара, каде што најголемиот дел од луѓето се или Христијани или Муслимани.
Дококлу продолжат сегашните трендови, истражувачкиот центар предвидува дека до 2070 година повеќе од половина од сите Христијани во светот ќе живеат во јужниот дел на Африка, Демократската Република Конго ќе има повеќе Христијани од САД, како и дека во САД нема да има Христијанско мнозинство, иако Христијанството ќе продолжи да биде најголема религија во земјата.
