Внимание: Дали вонземјаните ќе научат да зборат на кумановски?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните во Куманово: Кој е најзначаен датум од историјата на независна Македонија, последниве 35 години? Повеќето граѓани го одбраа денот на независноста

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните во Куманово: Кој е најзначаен датум од историјата на независна Македонија, последниве 35 години? Повеќето граѓани го одбраа денот на независноста: „Дефинитивно 8-ми септември, па од тогаш постоиме…“, „Да си бидеме свои на своето… – А сега кај сме? – сега сме никаде и за никаде…“. А еве како кумановци си ја замислуваат Македонија по 35 години: „Дали воопшто ќе постои…“, „Македонија има ресурси да биде подобра од Западна Европа“, „Младите ќе ја преземат Македонија…“, „Можеби ќе вопоставиме некоја комуникација со вонземјани и тие ќе го зборуваат кумановскиот…“.

Ги прашавме кумановци како го замислуваат Куманово по 35 години. Еве што ни кажаа: „Аууу, још поголемо село…“, „Кимахобо – чентрале ди Африка, град на повеќе граници, на повеќе цивилизации… Ако се случи да влеземе во некој сојуз каде што нема да има граници тогаш Куманово има шанса голема, ако не, господ нека ни е на помош…“, „По 35 години во Куманово роботи ќе шетаат по улиците…“, „Да рециклираме, да не се уништува нашиот град…“.


Што велат кумановци, кој им е омилен израз на кумановски: „Кад… куде, онакој…“, „Мани се“, „Боли ме зуб за се“… А еве што ни одговорија на прашањето „Ќе се зборува ли на кумановски дијалект по 35 години?“: „Кумановски ќе се збори и такој и такој. Кој и да дојдет, кумановски пак ќе се збори“, „Дефинитивно, заувек, тоа е богатство на наш народ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс