Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните: „Уставниот суд планира да им ги скрати платите на уметниците и културните работници. Дали тоа треба да се направи?“ – „Не се согласувам со тоа…“, „На никој не треба да се намалат платите“, „Не треба да се скратат, културата е мост кој не зближува сите“, „Напротив, мислам дека треба да им се поголеми, затоа што уметниците работат за културата на овој народ, која треба дефинитивно да се подигне на повисоко ниво“, „Уметноста треба да се чува, да биде на еден пиедестал…“, „Не, во никој случај…“, „Да не им се скратат платите…“
Прашавме и „Кој иселен или побегнат од Македонија сакате да се врати тука?“ – „Имам 135 другари кои си отидоа од земјава… сите тие би сакал да се вратат“, „Ниеден, не би посакал таква лоша работа на ниеден, премногу си ги сакам сонародниците мои…“, „Тие сите што се паметни, креативни луѓе…“, „Нека се вратат сите интелектуалци…“, „Не знам, Груевски, мислам дека е најдобро да си дојде пешки…“, „Имам роднини…“, „Брат ми…“.
А еве што велат граѓаните на прашањето „Што ќе праиме сега ние без Орбан?“ – „Што правевме и досега без Груевски, тоа ќе правиме и без Орбан“, „Не знам, ќе си го тераме како што си тераме и до сега… нас народот никој не не прашува, си рипаат цените, ние си ќутиме…“, „Кој е Орбан?“, „У, Орбан, кој е Орбан, брат?“