Кога убаво уреден дом ќе се сретне со добро избрано вино, празниците добиваат сосема поинаква димензија.
Токму од таа идеја родена е новата празнична колаборација помеѓу Smart Living и Винарија „Душа“. Тоа е комбинација на внимателно селектирани KARE производи за домот и вина со карактер, создадени за пролетната сезона.

Во рамки на акцијата, Smart Living издвојува специјална селекција на KARE парчиња инспирирани од вино: елегантни чаши, уникатни аксесоари за сервирање и декоративни детали што ја прават секоја маса посебна.
Со купување на овие производи, купувачите добиваат и подарок – вина од Винарија „Душа“, внимателно избрани етикети што се совпаѓаат со духот на празниците и со атмосферата во домот.

Целта на заедничката кампања е да им се понуди на љубителите на убави интериери и добро вино целосно искуство, од чаша во рака, до начинот на кој изгледа масата околу неа.
Наместо само попуст или само вино, Smart Living и „Душа“ креираат избрани ритуали за уживање: вечери со блиските, празнични собирања или мирни моменти за двајца.

Повеќе за пакетите, производите и подарок вината откријте на страницата на Smart Living.