Владата и општините уверуваат дека граѓаните кои имаат штети од невремето ќе бидат обештетени

Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите кои ќе бидат формирани од страна на општините

Владата ќе обезбеди средства за обештетување на сите граѓани кои претпреа штети од невремето во Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета“ изјави Мицкоски.

Дополнително, дел од скопските општини денеска излегоа со информации за пријавување на штетите.

Општина Аеродром објави јавен повек за пријавување на штети и граѓаните тоа можат да го сторат не следниот линк: https://shorturl.at/L3rcJ

Истовремено, Советот на општина Центар денес треба да го усвои правилникот за начинот на пријавување штети од невремето.

Пред два дена Скопје беше погодено од кратко но силно невреме со ветер од над130 км/ч при што беа оштетени стотици објекти и возила а десетици граѓани беа повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс