Поради суеверието дека овој ден го следи несреќа, многумина се повнимателни и избегнуваат одредени активности, а експертите велат дека и многу луѓе земаат слободен ден од работа на петок 13, поради што бизнисите губат стотици милиони долари.
Се разбира, никој не може да докаже дека повеќе несреќа се случува на петок 13ти од било кој друг ден, но веројатно сите повеќе забележуваат кога нешто лошо ќе се случи на овој ден.
Оваа година ќе имаме два петоци 13ти, едниот е денес, а другиот ќе се случи во декември. Но, дококлу петок 13ти е само суеверие, зошто толку луѓе веруваат во тоа?

Тешко е да се знае точно кога петок 13-ти почнал да се смета како несреќен ден, но најверојатно доаѓа од христијанската религија. На пример, во Библијата, Јуда — личност за која се вели дека го предал Исус — бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Исто така во Библијата, многу несреќни работи се случувале во петок. Поради што имало смисла луѓето што ја читале Библијата да биленервозни околу петок 13-ти.
Исто така, можно е 13 да се смета за „проколнат“ бидејќи тоа е бројот по 12, кој многу луѓе го гледаат како број што ги комплетира работите. Размислете за тоа – 12 месеци се во една година, 12 пара ребра во телото, итн. Значи, можно е бројот 13 ги прави луѓето немирни затоа што ги тера да размислуваат за непознатото – надвор од бројот 12, или една дузина.

Ако сте го читале „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун, можеби ќе се сетите дека сте дознале дека членовите на Витезите Темплари – средновековно општество – биле уапсени на петок 13-ти. Книгата на Браун помогна да се популаризира верувањето дека овие апсења се причината поради која луѓето се плашат од датумот. Но, иако некои од витезите Темплари беа уапсени во петокот, на 13 октомври 1307 година, тоа не е потеклото на суеверието.
Петок 13ти најверојатно не се поврзувал со лоша среќа сè до 1907 година, кога бил објавен романот со наслов „Петок, Тринаесетти“. Во својата книга за бројот 13, авторот Натаниел Лахенмајер тврди дека пред 20 век, „13“ бил несреќен број, а „петок“ бил несреќен ден, но „петок 13“ како концепт не постоел.
Без разлика дали суеверието започнало со тој роман или не, повеќето митови за петок 13ти се скорешни изуми.
Сите поврзувања на петок 13ти со Темпларите, според историчарите се само обид за да се даде некаков климакс, некакво интересно објаснување за здодевните римокатолици, чиј ред бил распуштен откако биле обвинети за ерес.

Витезите Темплари биле религиозен ред на невенчани мажи, формиран околу 1119 г. за да го бранат кралството Ерусалим и да ги заштитат христијанските аџии за време на крстоносните војни. Во текот на следните два века, христијаните ја донирале својата земја и своите пари на редот (како што било вообичаено со религиозните друштва), правејќи ги витезите моќни финансиери.
Темпларите продолжиле да се врттат околу парите и земјиштето сè до 1307 година, кога францускиот крал Филип IV, на кого му снемало средства, решил да тргне по нивните. Тој го обвинил за ерес и започнал да ги апси на 13 октомври 1307 година. Важно е да се забележи дека кралот на Франција, а не папата Климент V, ги обвинил Витезите Темплари за ерес. А папата ги распуштил поради веќе нивното извалкано име.
Токму нивното распуштање е изворот на многу теории на заговор.
Брзиот, антиклиматски крај на Витезите Темплари не се вклопува во наративот кои луѓето го очекуваат, сметаат историчарите. Луѓето очекуваат дека таква група, која имала многу пари мора да правела нешто потаинствено.
Во голема мера, псевдоисторичарите сакаат да мислат дека постои теорија на заговор – темпларите правеле нешто што не ѝ се допаѓа на црквата, и затоа папата ги распуштил.

Постојат митови дека Темпларите ја барале „лозата“ на Исус, или дека го откриле Светиот Грал или некаква голема тајна која би ја раздрмала религијата, а митовите стануваат уште покомплексни кога се зборува за тоа што се случило со Темпларите. Една од најпопуларните легенди вели дека Темпларите станале масони – гласина што всушност ја започнале некои од масоните.
Лажната врска помеѓу Витезите Темплари и масоните била промовирана од некои рани масонски групи околу 18 век, а теориите за Светиот Грал и Витезите Темплари постојат исто така од тоа време.
Повеќето легенди за Темпларите и нивната мистичност потекнуваат од книгата за псевдоисторија од 1980тите, „Света крв, Свет Грал“. Митовите од оваа книга се дополнително популаризирани со „Кодот на Да Винчи“, а авторите на „Света крв, Свет Грал“ дури и го тужеле Ден Браун за плагијат, случај кој го изгубиле на суд.