Од денес до 9 мај Битола во знакот на виното, музиката и дегустациите

Платото пред Офицерски дом три дена ќе биде место за македонски вина, настапи на диџеи, групата B52 и фестивалска атмосфера.

Платото пред Офицерски дом во Битола од вечерва ќе биде центар на виното, музиката и фестивалската атмосфера. Од 7 до 9 мај ќе се одржува Винскиот фестивал, кој на посетителите им носи дегустации на македонски вина, музичка програма и три вечери дружење под отворено небо.

Програмата започнува денеска во 18:00 часот со настап на resident DJ, кој ќе ја загрее атмосферата до 19:30 часот. Потоа следува настапот на групата B52, а од 21:00 часот е најавена „Пауза за ракија“, дел од програмата посветен на традиционалните вкусови и фестивалското дружење.

Вечерната забава ќе продолжи со DJ Carlito, кој ќе настапува од 23:00 до 00:30 часот. Организаторите најавуваат урбана атмосфера, квалитетна музика и богата винска понуда за битолчани и за посетителите од другите градови.

На годинашното издание ќе учествуваат винариите Тиквеш, Попов, Монтеко, Сопот, Лазар, Бовин, Буре, 5ка и Винарија Охрид, кои ќе понудат селекција на македонски вина и различни вкусови за љубителите на виното.

Винскиот фестивал во Битола ќе трае три дена, со цел платото пред Офицерски дом да се претвори во отворена сцена за музика, дегустација и дружење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни