ВИДЕО: Моментот кога Винчиќ дозна дека ќе суди финале на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ беше избран да го суди финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина во недела, со што го достигна врвот на неговата кариера.

За Винчиќ ова е прво финале на Светско првенство, а во својата биографија веќе има финале во Лигата на Европа и во Лигата на Шампионите.

Сепак тоа што најмногу го привлече вниманието од соопштувањето дека токму тој ќе го суди финалето, е неговата емотивна реакција кога самиот тој го дозна тоа.

Претседателот на судската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина на преостанатите судии на Светското првенство прво им го претставуваше дресот со кој судијата ќе истрча не теренот на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, пред да каже дека тој дрес ќе го носи Винчиќ.

Откако го слушна тоа словенечкиот судија со солзи во очите ги прегрна неговите помошници, видни потресен и емотивен пред најтешката задача во неговата кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс