(Видео) Задолжителна зона Скопје – играш како никој да не те гледа, а Wolt те наградува

Сите што влегоа во зоната имаа десет секунди да играат како никој да не гледа.. Следуваше награда, ваучер од Wolt+ за фин оброк

Десет секунди музика, малку храброст и многу добро расположение беа доволни Дебар Маало да стане сцена на отворено. ТРН.мк и Театар за тебе, во соработка со Wolt+, организираа „Задолжителна зона“ – акција во која скопјани влегуваа, танцуваа и добиваа Wolt+ изненадувања.

Правилото беше едноставно – без кореографија, без подготовка и без оценување. Сите што влегоа во зоната имаа десет секунди да играат како никој да не гледа.

Скопјани уживаа во танцот

На латино, поп, рок, денс и фолк музика, десетици случајни минувачи се приклучија и станаа дел од акцијата. Некои влегуваа без двоумење, други прво набљудуваа од страна, но зоната никогаш не беше празна. Во средината беше препознатливата Wolt торба, а идејата зад акцијата беше едноставна – за момент да се прекине вообичаениот градски ритам и денот да почне со нешто поинакво.

Следуваше награда, ваучер од Wolt+ за фин оброк во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс