(Видео) Мет Дејмон оставил 1000 евра бакшиш на Миконос и танцувал со drag queens

Мет Дејмон, Лијам и Крис Хемсворт го избрале Миконос за овогодинешниот летен одмор. Камерата постојано ги забележува холивудските актери како уживаат во грчката храна и се шетаат по сокаците на островот.

Овој пат, сепак, тие избраа нешто поинакво за својата забава. Поточно, тие ја посетија Џеки О’, за да присуствуваат на забава со драг-квинс.

Како што се гледа од видеата и фотографиите на социјалните мрежи, тројцата навистина се забавувале и си поминале одлично. Во еден краток клип што е објавен, Мет Дејмон кажува колку уживал во шоуто.

Холивудските ѕвезди пристигнале на грчкиот остров на 29 јуни, а веднаш потоа по социјалните мрежи започнаа да се појавуваат нивфотографии. Според извештајот на емисијата „Појадок“ на ЕРТ, Мет Дејмон и неговите пријатели се особено дарежливи, бидејќи откако вечерале во луксузен ресторан и откако ги пробале сите јадења од менито, на персоналот му оставиле бакшиш од 1.000 евра.

Извор: Greek City Times

е-Трн да боцка во твојот инбокс