Вештачката интелигенција напредува без кочница: Од „дипфејк“ до губење на критичкото мислење, каде се вистинските ризици?

Додека администрацијата на Доналд Трамп се противи на забавување на развојот на ВИ, Европа воведува регулаторни механизми. Експертите предупредуваат дека најголемите опасности не се само во иднината – дел од нив веќе се присутни во приватноста, лажната содржина, сајбер-безбедноста и начинот на кој луѓето ги носат одлуките.

Дебатата за вештачката интелигенција одамна не се сведува на прашањето дали „Четџипити“ ќе напише домашна задача или ќе му помогне на некого побрзо да заврши работа. Со забрзаниот развој на технологијата во центарот се најдоа приватноста, интелектуалната сопственост, „дипфејк“ содржините, сајбер-безбедноста, пазарот на трудот и сè поголемата зависност од автоматски генерирани информации.

Додека во САД се испраќаат пораки дека технолошката трка не треба да се забавува, Европа се обидува да постави правила за употребата на вештачката интелигенција. Но, меѓу предупредувањата за идни катастрофи и уверувањата дека опасностите се преувеличени, останува едно суштинско прашање: од што навистина треба да се плашиме?

Не е секој ризик научна фантастика

За Љубомир Кљајиќ, застапник за патенти и заштитни знаци и експерт за регулатива на ВИ, дел од ризиците веќе се препознаени и за нив постојат правни механизми. Според него, вештачката интелигенција отвора прашања поврзани со човековите права, интелектуалната сопственост, заштитата на личните податоци, злоупотребите, лажните содржини и работните места.

Машинското учење, потсетува тој, не е нова технологија. Она што драматично се промени со генеративната ВИ е нејзината масовна достапност – алатки со способности што до неодамна беа достапни само за ограничен број компании и истражувачки центри денес ги користат милиони луѓе. Токму затоа, вели Кљајиќ, реакцијата на општеството често доаѓа

е-Трн да боцка во твојот инбокс