Вечерва во „Бруклински џез бистро“ со почеток од 20.00 часот ќе се одржи џез настан.
На вечерта исполнета со современ џез ќе настапат Џад МекКалох на труба, Филип Динев на гитар Иван Бејков на бас гитара и Давид Георгиев на тапани.
Влезниците по цена од 200 денари се набавуваат на влезот, а организаторите најавуваат одлична атмосфера исполнета со оригинални композиции и импровизации.