Хаос над Русија: Срушени 660 украински дронови во масовен ноќен напад, Москва под тревога!

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 47 дронови биле пресретнати на пат кон главниот град.

Руската противвоздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборила 660 украински дронови, во еден од најмасовните напади од почетокот на конфликтот. Според соопштението, дроновите биле уништени во повеќе од десет региони, меѓу кои Московскиот регион, анектираниот Крим, како и области над Црното и Азовското Море.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 47 дронови биле пресретнати на пат кон главниот град. Локалните власти во Тулската област пријавиле оштетена куќа и една повредена жена, додека службите работат на терен на расчистување и собирање на остатоците од нападите.

Иако засега нема информации за голем број жртви, безбедносните служби продолжуваат со проценка на штетите и мониторинг на ситуацијата.

Во меѓувреме, Украина ја засилува кампањата со дронови насочена кон руската енергетска инфраструктура, со цел намалување на приходите за финансирање на воените операции. Претседателот Володимир Зеленски најави 40-дневна интензивирана кампања на напади со дронови, со која дополнително се зголемува притисокот врз Москва во услови на ескалација на конфликтот меѓу двете земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс