Како да спречите уринарни инфекции за време на летните одмори?

Водата со хлор ретко ги пренесува овие бактерии, но задржувањето во влажна облека го зголемува ризикот од инфекција

Топлото време и летните одмори носат зголемен ризик од уринарни инфекции, а базените често се посочуваат како главни виновници за овој здравствен проблем. Сепак, медицинските експерти појаснуваат дека самата вода во правилно одржуваните базени ретко е извор на бактерии, туку главниот ризик произлегува од навиките по капењето, пред сè од долгото престојување во мокри костими за капење.

Бактеријата Escherichia coli е најчестиот причинител за уринарните инфекции кај луѓето. Водата во јавните базени која содржи соодветно ниво на хлор и дезинфекциски средства успешно ги уништува овие микроорганизми. Главниот проблем настанува кога телото останува долго во влажна и топла средина, што го создава совршениот амбиент за брзо размножување на бактериите што веќе се присутни на кожата.

Влажните костими за капење го олеснува нивното преминување кон уринарниот тракт, што доведува до иритација и потенцијално до воспаление.

Превенцијата бара едноставни промени во навиките за време на престојот на плажа или на базен. Најважното правило е веднаш по излегувањето од вода да се облече сува облека. Дополнително, редовното туширање со чиста вода веднаш по капењето помага да се отстранат остатоците од хлор и бактерии од кожата.

Внесувањето доволно количество течности, пред сè вода, овозможува редовно празнење на мочниот меур, со што природно се исфрлаат бактериите пред да предизвикаат инфекција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс