Францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ вчера, десет години од нападот на џихадистите врз неговата редакција во Париз, при што загинаа 12 лица, ветува дека ќе остане решен во својата мисија и ќе продолжи да ги критикува сите религии.
Главниот уредник на листот, Жерал Биар, изјавил дека, и покрај претрпените трауми, листот ќе продолжи да ги критикува не само исламот, туку и христијанството, јудаизмот, како и секој институционализиран систем на вера, во согласност со својата одбрана на слободата на изразување и францускиот облик на секуларизам, пренесува радио РФИ.
На насловната страна на списанието по повод десетгодишнината од нападот е прикажан читател на „Шарли ебдо“ кој седи на врвот од пушката, со наслов „Невозмозно за уништување“.
„Идејата за Бог е како и секоја друга, не е ни повеќе ни помалку достојна за почит“, рекол Биар, додавајќи дека, како и со сите други идеи, имаме право да се ругаме и да ја оспоруваме, како и оние кои тврдат дека зборуваат во негово име.
Нападот се случил на 7. јануари 2015 година кога двајца маскирани вооружени напаѓачи влегле во редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз и отвориле оган, при што убија 12 лица, вклучувајќи десет работници и двајца полицајци, и ранија 11 други лица.
Напаѓачите, браќата Шериф и Саид Куаши, биле ликвидирани од полицијата три дена подоцна.
Причина за нападот биле карикатурите на пророкот Мухамед кои „Шарли ебдо“ често ги објавуваше.