Неколку децении пред појават и развојот на телевизијата и радиото, компаниите и настаните кои се организираа се рекламираа во весници или мали летоци. Со напредокот во печатењето, плакатите се чини важеа за револуционерен начин на рекламирање.
Во исто време, велосипедизам беше во полн ек, а тоа отвори нови видици на графичарите да креираат постери на таа тема. Во тој период секој слободен простор на големите згради во Париз, Милано и Њујорк се „пополнуваше“ со постери. Величественоста на овие шарени постери дојде како резултат на напредокот во процесот на камената литографија. Сепак ваквото печатење бараше многу труд низ рачна работа, а со тоа и трошоците за изработка беа големи. Тоа доведе овој метод на печатење, во голема мера, да исчезне по Втората светска војна.
Сепак и по 100 и повеќе години подоцна, богатите, нијансирани бои постигнати со техника на камената литографија и денес е скоро не возможно да се надминат. Доказ за тоа е оваа компилација од постери со претежно велосипедски мотиви, создадени во периодот од 1880-тите до 1940-тите.
ЧУДО ОД ВЕЛОСИПЕД – постер на MICH

ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА: 40cm × 59cm
ГОДИНА: околу 1920 година
Чувствителниот и минималистички стил на Mich ненаметливо доминира на овој постер. Постерот јасно прикажува дека велосипедите Wonder значат сила и моќ, бидејќи ништо не може да го дефокусира велосипедистот додека е на овој велосипед. Авторот на постерот преку силни бои, без многу текст, ја испраќа пораката на компанијата која се рекламира.
1949 ТУР ДЕ ФРАНС – постер на J. FRESQUET

ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА: 30cm × 39cm
ГОДИНА: 1949 г
Овој редок примерок на постер на авторот Fresquet не е официјален за Тур де Франс од 1949 година. Овој постер бил наменет само за последните два дена од настанот. До неодамна не се знаело дали е сочуван оригинален примерок, но пред една деценија тој се појавил на аукција. Неговиот сегашен сопственик успеал да го добие преку телефонска аукција на која имало голем број заинтересирани, но сепак нему му се посреќило не затоа што платил најмногу туку дека другите конкуренти се откажале прерано.
A. A. ZIMMERMAN – постер на PAL

ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА: 105cm × 147cm
ГОДИНА: околу 1883 година
Овој постер е приказ на првиот признат светски шампион во велосипедизам, А.А. Цимерман, со потекло од Фрихолд, Њу Џерси. Неговите заслуги на полето на велосипедизамот се резултат и на неговиот прв пишан водич за обуки за велосипедизам. Сето тоа го инспирирало авторот да го создаде овој француски постер за Американецот Цимерон, но и да даде акцент на гумите Dunlop и велосипедите Clément.
1925 ТУР ДЕ ФРАНС – МЕТЕОРСКИ ВЕЛОСИПЕДИ – постер на RED

ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА: 59cm × 79cm
ГОДИНА: 1925 г
Денешниот сопственик на тој постер изјавил дека кога го купил повеќе се радувал на описот за постерот отколку на самиот дизајн. Сепак како што одминувало времето тој се повеќе бил воодушевен од реткиот вид на уметност на Ред.
1935 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – постер на M. GUILLEMAIN

ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА: 60cm x 80cm
ГОДИНА: 1935 г
Сопственикот на овој оригинален примерок на постерот изјавил дека повеќе од 30 години тој и неговата сопруга правеле обиди за да стигнат до него. Инаку овој постер е создаден во Белгија во периодот пред почетокот на Втората светска војна. Колекционерот на постери, а воедно и вљубеник во велосипедизамот, кажал дека она што го освоило кај овој дизајн е силната естетика која е доловена со приказ на двајца велосипедисти кои се „борат“ за целта. До овој постер стигнале кога посетиле ретро изложба на постери во нивниот роден град Сан Франциско.