Украинските беспилотни летала забележаа и целосно уништија голем руски конвој од педесетина возила во близина на местото Костјантинивка. Нападот се случил на 8 јули, откако руските команданти од борбената група Центар ги прекршиле сопствените безбедносни наредби за забрана на сообраќајот на доњецката обиколница. Колоната била составена од камиони, цивилни комбиња, теренски возила и мотоцикли.
Руските сили претрпеа сериозни загуби во логистичкиот сектор откако локалното раководство на борбената група Центар донесе одлука да формира масовна колона на високоризична рута. Оваа наредба директно ги прекршила внатрешните воени протоколи со кои претходно бил забранет сообраќајот за воени транзити на доњецката обиколница поради постојана опасност од воздушно набљудување. Наместо примена на стандардната тактика за дисперзирано движење, возилата биле наредини во долга, лесно видлива линија.
Воениот аналитичар и новинар Дејвид Екс во својата анализа за медиумот Еуромајдан прес пренесува дека конвојот не вклучувал тешки оклопни транспортери или тенкови. Наместо тоа, групата била составена од разновиден помошен и ранлив сообраќај. Извидувачките единици регистрирале десетици обични камиони, цивилни комбиња, приватни автомобили, теренски возила и голем број мотоцикли. Ваквиот специфичен состав ја потврдува сè поголемата руска пракса за користење на алтернативни превозни средства за брзо снабдување на првите борбени линии во Доњецк.
Center Grouping mad-max massacre via @Exilenova_plus
— imi (m) (@moklasen) July 10, 2026
a few days ago the russians assembled a very large assault force and came under fire; results: (destroyed)
48.330600, 37.458017 lada
48.330519, 37.458138 loaf
48.330500, 37.457886 car
48.330448, 37.457946 car
48.330329,… pic.twitter.com/Ot7RECYqWW
Украинските беспилотни летала навремено ја уочиле отворената позиција на непријателот, по што следело прецизно и координирано дејствување. Снимките објавени на социјалните мрежи го потврдуваат високиот степен на разорување на патот кон Костјантинивка. Загубата на педесет транспортни единици во еден единствен ден создава моментален прекин на снабдувањето во овој дел од фронтот.
Овој удар врз капацитетите на групата Центар значително го отежнува безбедниот транспорт на ресурси, храна и муниција до самите војници на позициите. Настанот ја покажува високата ефикасност на украинските извидувачки системи кои целосно го оневозможуваат масовниот руски логистички транзит на отворен простор.
Овој напад е дел од поширока украинска кампања против руската логистика, започната ова пролет, во која зоната во која руските возила се загрозени секој ден станува сè поголема. Аналитичарот Клеман Молен, кој ги анализирал официjaлните снимки, забележал 600 уништени или оштетени руски товарни камиони во јуни, а во првата седмица од jули уште 240, при што просечниот број дневни погодоци на руски камиони пораснал од 20 во jуни на 34 во jули.