Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Киев активно ги следи испораките на, како што ги нарекува, украдено жито и дека планира да преземе мерки против таквата трговија.
Според украинските власти, ваквите испораки не се насочени само кон Израел, туку и кон други земји, меѓу кои се споменуваат Турција, Египет и Алжир. Киев тврди дека овие активности директно придонесуваат за финансирање на руската воена машинерија.
Украинското МНР наведува дека веќе се идентификувани повеќе случаи на транспорт на жито со спорно потекло и дека се следи движењето на бродови кои, според нив, се дел од оваа трговска мрежа.