Украина ја нападна Русија со стотици дронови

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека се соборени уште три дронови што летале кон градот
Фото: Хелсинг

Руското Министерство за одбрана соопшти дека силите за воздушна одбрана уништиле 347 украински беспилотни летала во текот на ноќта.

Беше прецизирано дека беспилотните летала биле уништени над териториите на Белгородскиот, Брјанскиот, Волгоградскиот, Воронежскиот, Калушкиот, Курскиот, Липецкиот, Новгородскиот, Орјолскиот и Пензенскиот регион.

Воздушната одбрана, исто така, собори непријателски беспилотни летала над Ростовскиот, Рјазанскиот, Смоленскиот, Тамбовскиот, Тверскиот и Тулскиот регион, Московскиот регион, Краснодарската територија, Република Адигеја, Калмикија, над Крим,  Азовското Море, Каспиското и Црното Море, соопштија од Кремљ

Над 30 дронови соборени на пат кон Москва

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека се соборени уште три дронови што летале кон градот.

Вкупно 31 вакви дронови се уништени до утрово, изјави градоначалникот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни