Укинати сите ограничувања за цивили во Израел, аеродромите повторно функционираат

Израелските аеродроми, вклучувајќи ги Бен Гурион и Хаифа, повторно работат вообичаено.

Израелската Агенција за цивилна заштита денеска соопшти дека се укинати сите рестрикции низ целата земја и дека јавноста може да се врати на вообичаените активности.

Според соопштението на Агенцијата, кое го пренесува CNN, цивилите од сега па најмалку до четврток вечер ќе можат да присуствуваат на јавни собири и услуги, да работат на отворено и да организираат образовни активности без никакви ограничувања.

Во населените места во близина на Појасот Газа, дозволени се собири до најмногу 2.000 лица.

Израелските аеродроми, вклучувајќи ги Бен Гурион и Хаифа, повторно работат вообичаено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни