Во СВР Скопје е приведен малолетник осомничен дека со нож нападнал и повредил 14-годишно момче во скопската населба Сарај.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил по претходна расправија, при што 14-годишникот бил прободен со нож. Тој веднаш бил пренесен во здравствена установа, каде што му била укажана лекарска помош, додека осомничениот тинејџер е лишен од слобода.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истрагата треба да ги утврди сите околности и мотивите за нападот.