Туристи од Србија заглавени во Африка: летот за Дубаи откажан неколкупати, дел од нив остануваат без лекови

Група туристи од Србија со часови чека на аеродром поради откажани летови кон Дубаи, преку кој требало да се вратат дома. Патниците велат дека немаат јасни информации кога ќе продолжи патувањето, а дел од нив веќе се соочуваат со недостиг од лекови. Ситуацијата е дополнително комплицирана поради нарушениот авионски сообраќај во регионот. 

Група од околу 17 државјани на Србија се нашла во незавидна ситуација на аеродром на островот Занзибар, каде што повеќе од десет часа чекаат лет за Дубаи, кој бил дел од нивната рута за враќање дома. 

Според сведоштвата на патниците, авиокомпанијата го откажала летот, а нови информации за продолжување на патувањето речиси и да нема. Тие велат дека никој не им кажува колку долго ќе трае чекањето ниту кога би можеле да се вратат во Србија. 

Дополнителен проблем е што не постои директна авионска линија кон Белград од оваа дестинација. Алтернативните билети кон други градови се нудат по цени од 2.000 до 3.000 евра, што за повеќето патници е недостижно решение. 

Патниците се обиделе да стапат во контакт и со дипломатските претставништва за помош, но до моментот на објавување на информацијата не добиле конкретен одговор. 

Проблемот настанал поради нарушувањата во воздушниот сообраќај и откажувањето на дел од летовите кон Дубаи, што влијаело врз бројни авиокомпании кои го користат овој град како транзитен центар за меѓународни летови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни