Турција користи вештачка интелигенција за кратење на јавните трошоци

Системот „KAMPUS“ веќе идентификуваше над 36 милиони евра сомнеж за нерационално трошење во јавните набавки, а целта е анализа на милијарди фактури.

Турските власти започнаа да применуваат напредни алгоритми и системи за вештачка интелигенција со цел да го оптимизираат државниот буџет и да ги намалат непотребните јавни трошоци. Новата технологија веќе ги дава првите резултати, детектирајќи десетици милиони евра во потенцијално ризични или неоправдани исплати. Преку централизирана контрола, Анкара планира дигитално да го скенира секој денар потрошен од јавните институции.

Новиот систем базиран на вештачка интелигенција, наречен „KAMPUS“, има задача да ги анализира сите набавки и трансакции во јавниот сектор во реално време. Преку споредба на цените, изведувачите и роковите, алгоритмот автоматски алармира за отстапувања од пазарните услови или за сомнителни шеми на трошење.

Во почетната фаза од тестирањето, вештачката интелигенција детектираше неправилности и ризични трошоци во вредност од над 36 милиони евра. Институциите сега ги проверуваат сомнежите, што овозможува прекинување на штетните договори уште пред да се извршат финалните исплати.

Министерството за финансии и трезор на Турција најавува дека опфатот на системот ќе се прошири на милијарди фактури во целата државна администрација. Целта не е само детекција на злоупотреби, туку и автоматско предвидување на заштеди и поквалитетно алоцирање на буџетските средства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс