Корисниците од улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“ во општина Кисела Вода утрово се без вода поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето започнал во 05:25 часот.
Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.