Европските авиокомпании и патниците се подготвуваат за бурно лето, дури и ако конфликтот на Блискиот Исток утре заврши. Нарушувањата во снабдувањето со гориво преку Хормускиот Теснец ги кревааат трошоците и го зголемуваат ризикот од несупрлетови токму во пикот на туристичката сезона. Стручњаците нудат три сценарија: скапо, уште поскапо и катастрофично.
Доброто сценарио: мир утре, скапо лето сепак
Дури и ако Хормускиот Теснец се отвори утре, тоа не би ја решило кризата преку ноќ. Шефот на Меѓународното здружение за воздушен превоз Вили Волш предупредил дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за снабдувањето да се врати на нормално ниво. Фредерик Дело, потпретседател на Меѓународната федерација на здруженија на контролори на воздушниот сообраќај, оценил дека Европа и во најдобриот случај ќе ги чувствува зголемените цени на гориво текот на летото.

Лошото сценарио: делумно отворање, нередовни летови
Според повеќето стручњаци, најверојатен исход е делумно смирување на конфликтот до почетокот на летото. Во тој случај, цените на авионско гориво би останале високи, а снабдувањето неизвесно. Луфтханза веќе најавила укинување на 20.000 летови во наредните месеци, а шефот на Air France-KLM предупредил дека авиокомпаниите немаат избор освен да ги пренесат зголемените трошоци на патниците. Долгите рекреациски летови и помалку популарните регионални рути би биле прво на удар. Шефот на МЕА Фатих Бирол предупредил дека Европа може да остане без авионско гориво до почетокот на јуни 2026.
Најлошото сценарио: рационализирање и драматично штедење
Ако пореметувањето на поморскиот сообраќај преку Хормускиот Теснец продолжи во текот на летото, европските резерви на авионско гориво ризикуваат да паднат под оперативниот минимум. Во тој момент, пазарот би преминал на директно рационализирање на побарувачката. Европската комисија го отфрлила најлошото сценарио, но сепак подготвува кризни планови, меѓу кои и споделување на итните резерви на гориво меѓу државите-членки.
