Центарот за управување со кризи информира дека во моментов на терен се одвива интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Морани, во Општина Студеничани.
Во гаснењетосе ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што, поради тешко пристапниот терен, интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична.
Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот да се локализира и изгасне, како и да се заштитат жителите и нивниот имот.
Пожарот кај Морани гори од рано утрово.