Трамвај излета од шини во Белград и се заби во зграда, има повредени

Несреќата се случила утрово на улицата Цар Душан, а според неофицијални информации неколку лица се пожалиле на повреди.

Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград утрово излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации има повредени лица.

Несреќата се случила околу 9:30 часот. На местото на настанот пристигнале екипи на Брза помош, а според српските медиуми, неколку лица се пожалиле на повреди.

Од службата за итна медицинска помош за Н1 изјавиле дека нивни екипи се на терен. Засега нема официјални информации за бројот и тежината на повредите.

На снимките објавени од местото на несреќата се гледа трамвај со тешко оштетена предна кабина, а дел од седиштата во возилото се откорнати од силината на ударот.

Причината за несреќата засега не е позната. Надлежните служби треба да утврдат како трамвајот излетал од шините и завршил во зградата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс