Трамп: Преговорите со Иран се во завршна фаза

Трамп оваа недела изјави дека е блиску до наредба за нови напади, но се откажал за да даде повеќе време за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Иран не се согласи на договор.

Трамп оваа недела изјави дека е блиску до наредба за нови напади, но се откажал за да даде повеќе време за преговори.

„Во завршна фаза сме со Иран. Ќе видиме што ќе се случи. Или ќе постигнеме договор или ќе направиме некои работи што се малку непријатни, но да се надеваме дека тоа нема да се случи“, им рече Трамп на новинарите во среда.

Трамп: Ќе му дадеме шанса на договорот со Иран. Не брзам

„Ќе му дадеме уште една шанса. Не брзам“, рече Трамп. „Идеално, нема да има многу смртни случаи. Можеме да го направиме тоа на двата начина.“

Во исто време, Техеран го обвини Трамп дека планира да ја рестартира војната и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток.

„Доколку агресијата против Иран се повтори, ветената регионална војна овој пат ќе се прошири надвор од регионот“, соопшти Револуционерната гарда.

Претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф, главен преговарач на Иран, во аудио порака објавена на социјалните мрежи изјави дека „откриените и скриените потези на непријателот“ покажуваат дека Американците подготвуваат нови напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс