Трамп со ултиматум до Палестина: Повлечете ја кандидатурата во ОН

Администрацијата на Доналд Трамп се закани со укинување визи за палестинското претставништво во ОН доколку не се повлече кандидатурата за потпретседател на Генералното собрание.

Администрацијата на американскиот претседател Donald Trump упати предупредување до палестинското претставништво во Обединетите нации дека може да се соочи со укинување на визите доколку не ја повлече кандидатурата за потпретседател на Генералното собрание на ОН.

Според информации објавени од Ројтерс американскиот Стејт департмент испратил интерна насока во која се наведува дека кандидатурата на палестинскиот амбасадор Riyad Mansour создава дополнителни тензии и може да му наштети на мировниот план на Трамп за Газа.

Во документот се посочува дека Вашингтон ќе преземе мерки доколку кандидатурата не биде повлечена, а американските дипломати добиле задача оваа порака директно да ја пренесат до палестинските власти.

Мансур претходно, во февруари, се откажа од кандидатурата за претседател на Генералното собрание под притисок од САД, но остана кандидат за потпретседателската функција. Иако станува збор за помалку влијателна позиција, избраниот потпретседател може да претседава со седници поврзани со Блискиот Исток, што дополнително ја загрижува американската администрација.

Палестина во Обединетите нации има статус на набљудувач, без право на глас во Генералното собрание. Изборите за претседател и 16 потпретседатели на Генералното собрание ќе се одржат на 2 јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс