Трамп отвора нов фронт со ЕУ: Милиони долари за организации блиски до MAGA во Европа

Администрацијата на Доналд Трамп најавува грантови до 5 милиони долари за европски организации што се занимаваат со суверенитет, миграција и слобода на говор. Дел од средствата се наменети и за спротивставување на регулативите на ЕУ.
Photo: Shealah Craighead / White House

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува нова програма за грантови наменета за Европа и други региони, со цел поддршка на иницијативи блиски до движењето MAGA (Make America Great Again), објави Financial Times.

Според информациите, програмата предвидува грант од 2 милиони долари за иницијативи што ќе се спротивставуваат на, како што се наведува, цензурата што произлегува од регулативите на Европската Унија, вклучувајќи ги Актот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA) и Актот за дигитални пазари (Digital Markets Act – DMA).

Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека ќе обезбеди до 5 милиони долари за организации што работат на прашања поврзани со националниот суверенитет, миграцијата, слободата на говор и, како што се наведува, спречување на злоупотребата на правосудниот систем, во согласност со заедничка политичка филозофија, правни принципи и западното наследство.

Се очекува средствата да бидат распределени меѓу две или три организации, при што најголемиот корисник би можел да добие грант до 3 милиони долари. Програмата е дел од пошироката реформа на приоритетите на американската надворешна помош што ја спроведува администрацијата на Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс