Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на платформата Truth Social за најновите случувања во Ормускиот Теснец и операцијата „Project Freedom“, со која САД сакаат да обезбедат премин на бродовите низ Ормускиот Теснец, во време на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.
„Иран изврши напади врз држави кои немаат врска со бродовите во операцијата ‘Project Freedom’, вклучително и врз јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се приклучи на мисијата! Погодивме седум мали ирански пловила или, како што тие сакаат да ги нарекуваат, ‘брзи’ чамци. Тоа е сè што им преостанува.
Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета на пловилата што минуваат низ теснецот. Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот Ден Кејн утре наутро ќе одржат прес-конференција“, напиша Трамп на Truth Social.