Трамп најави можно повлекување американски војници од Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за намалување на бројот на американски војници во Шпанија и Италија, поради незадоволство од нивната позиција во однос на конфликтот со Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација разгледува можност за намалување на бројот на американски војници стационирани во Шпанија и Италија, откако претходно најави дека се разгледува и повлекување дел од воениот контингент од Германија.

Во изјава за американските медиуми, Трамп рече дека таков потег е реална опција и упати остри критики кон европските сојузници.

„Да, веројатно ќе го направам тоа. Зошто да не? Италија не беше од помош, а Шпанија беше апсолутно ужасна“, изјави Трамп, пренесува американската телевизиска мрежа CNN.

Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и неколку европски престолнини, откако дел од европските лидери одбија да се приклучат на американската стратегија поврзана со конфликтот со Иран.

Трамп веќе подолг период јавно изразува незадоволство од односот на европските партнери, а особено остри критики упати кон германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Би помислиле дека ќе кажат ‘сакаме да помогнеме’, но тоа не се случи“, рече американскиот претседател.

Евентуалното намалување на американското воено присуство во Европа би можело да отвори нови прашања за идната безбедносна архитектура на НАТО и односите меѓу САД и европските сојузници, особено во време на засилени геополитички тензии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни