Трамп ја турка Америка кон нова криза? Потегот кон Куба ги крева тензиите до точка на вриење

Новите обвиненија против Раул Кастро и засилените санкции на администрацијата на Доналд Трамп повторно ги вжештуваат односите меѓу САД и Куба, додека аналитичари предупредуваат на можен опасен конфликт.

Администрацијата на американскиот претседател повторно ги подигна тензиите со, откако федералното обвинение против поранешниот кубански лидер отвори нова опасна фаза во односите меѓу двете земји. Обвинението се однесува на соборувањето на два цивилни авиони во 1996 година, при што загинаа четворица кубанско-американски државјани. Потегот предизвика силни реакции кај кубанската дијаспора во Мајами, каде многумина сметаат дека режимот во Хавана конечно е пред колапс.

Но, поранешни американски дипломати предупредуваат дека ваквиот притисок може да има спротивен ефект. Според поранешниот дипломат Рикардо Зунига, прекинот на комуникацијата меѓу Вашингтон и Хавана може да доведе до опасна ескалација и директен судир.

Во меѓувреме, администрацијата на Трамп дополнително ја засили економската блокада кон Куба. Санкциите кон странски компании што соработуваат со кубанската влада создадоа нови проблеми со снабдување со храна и енергија на островот, каде веќе има чести прекини на струја и растечки незадоволства.

Американскиот државен секретар порача дека кубанското раководство мора да замине, додека кубанскиот претседател ги отфрли новите санкции и предупреди дека земјата ќе се брани од секој надворешен напад.

Според американски медиуми, кубанската армија веќе спроведува подготовки и воени вежби поради страв од можна интервенција на САД. Аналитичарите предупредуваат дека секој директен потег против Раул Кастро може да предизвика отворен конфликт, иако Куба е во значително послаба позиција од САД.

Иако официјално е во пензија, 94-годишниот Кастро и натаму има огромно влијание врз кубанската политика и армија, а неговите сојузници остануваат клучни фигури во власта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс