Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

Над Боденското Езеро беше забележана и водена пијавица. Невремето однесе и човечки животи. Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

Силно невреме ја зафати Централна Европа, носејќи поројни дождови, град, силен ветер и поплави, кои предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Словенија, Австрија и јужните делови на Германија.

Во Словенија е прогласено портокалово метео-предупредување за целата земја. На повеќе локации веќе е забележан град, а метеоролозите предупредуваат дека во текот на денот и ноќта се очекуваат нови силни бури со обилни врнежи, грмежи и силни налети на ветер. Во Австрија е издадено највисоко ниво на предупредување за одредени региони поради опасност од интензивни врнежи, град и силни ветрови. Со тоа, невремето стави крај на претходниот топлотен бран што ја зафати земјата во изминатите денови.

Во Германија, особено во Баварија, обилните дождови предизвикаа стотици интервенции на службите за итни случаи. Поплавени се подруми и улици, паднати се дрвја, а привремено беше нарушен и авионскиот и железничкиот сообраќај. Над Боденското Езеро беше забележана и водена пијавица. Невремето однесе и човечки животи. Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

е-Трн да боцка во твојот инбокс